Малишиќ: Цените на лебот мораа да се зголемат, имаме нови цени на гасот и струјата

Фото Архива на СП

Kорекциите на цената на лебот што се вршат изминативе денови се резултат на новиот раст на цената на струјата и на гасот во август во однос на јули, објаснува за „Слободен печат“, Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

– Цената на гасот во август е 100 проценти поголема отколку во јули. Цената на струјата достигна и до 500 евра за мегават-час. Сите зборуваат за растот на цената на лебот, а не кажуваат со колкави трошоци се соочуваат компаниите, а тие пак, ги зголемија цените на лебот само за 10 проценти. Владата мора да преземи мерки за да ги заштити компаниите од ценовните шокови на гасот и на струјата. Со вакви цени, ако производителите не ги зголемуваат цените на своите производи треба да стават клуч на врата – вели Малишиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот