Малезија ги затвора фабриките на најголемиот произведувач на заштитни ракавици, над 2.000 вработени се заразени

Фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Малезија најави затворање на речиси 30 фабрики на корпорацијата „Top Glove“ заради тестирање и карантин откако кај повеќе од 2.000 работници во најголемиот произведувач на гумени ракавици во светот беше потврдена зараза со ковид-19.

Малезиското министерство за здравство известило за големиот раст на бројот на заразени во фабриките на „Top Glove“ и сместувачките капацитети за работниците. Од 5.767 тестирани работници, 2.453 добиле позитивен резултат.

Воведен е карантин и ограничено движење во дел од земјата

Владата објавила дека во етапи ќе ги затвори вкупно 28-те фабрики на „Top Glove“, без да прецизира распоред на затворањето. Изминатата недела воведе 14-дневно ограничувње во дел од земјата на околу 40 километри западно од главниот град Куала Лумпур.

Во објава во понеделникот, од „Top Glove“ известија дека изминатата среда го запреле производството во 16 од 28 фабрики, а останатите 12 работат со значително намалени капацитети.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот