Малата Вида доби книги од „Слободен печат“, за маската „Младата новинарка“

Наградено девојче /Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Ветено, исполнето. Младата Вида, четвороодделенка од Основното училиште „Киро Глигоров“ од Скопје денеска доби комплет книги како знак на внимание од редакцијата на „Слободен печат“, за нејзината креативна првоаприлска маска „Младата новинарка“, целосно изработена од страниците на нашиот весник „Слободен печат“.

Наградено девојче /Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Вида ни кажа дека многу сака книги, но, не е сигурна дека сака да стане новинарка. Кратката прошетка низ нашата редакција можеби ќе ја убеди дека токму новинарството е нејзината идна професија. Мајката на Вида ни рече дека Вида на нејзината возраст има многу избори за тоа што сака да биде кога ќе порасне.
Во нивното семејство бабата на Вида е читател на весникот „Слободен печат“ и редовно го купува, а дури и ја научила Вида да чита на страниците на весникот, уште пред девојчето да тргне на училиште.

Маската „млада новинарка“ ќе добие комплет книги од „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот