Маската „млада новинарка“ ќе добие комплет книги од „Слободен печат“

Маската „Новинарка“ го привлече вниманието на редакцијата „Слободен печат“

Априлијадата оваа година пријатно нè изненади во редакцијата на „Слободен печат“ кога ја забележавме маската „Новинарка“ на младата Вида, ученичка во Основното училиште „Киро Глигоров“, на која сите се израдувавме. Младата новинарка, се надеваме наша идна колешка, комплетната облека и панделката ја изработила од страниците на нашиот весник „Слободен печат“.

Нејзината мајка ни кажа дека во семејството имаат редовен читател на нашиот весник, а тоа е бабата на Вида.

Нашата редакција одлучи да ја награди креативноста на Вида, на која ќе ѝ подариме комплет книги, затоа што, нашата цел, меѓу другите, е и младите генерации да продолжат да ја негуваат читателската култура и така да го чуваат и развиваат македонскиот јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот