Макрон: Се разгледува можноста за испраќање војници во Украина
Франција ја разгледува можноста за воена поддршка на Украина преку испраќање војници во соработка со партнерите, изјави претседателот Емануел Макрон во интервју за весникот „Ле Паризиен“ во саботата.
Препорачано
Тој самиот избегна да прецизира во каква форма би можело да биде таквото воено присуство.
„Работиме на присуството и стратешкото влијание на партнерските земји. Имаше повеќе контакти меѓу началниците на генералштабовите на британските, француските и украинските вооружени сили, кои ја координираат работата со сите други партнери, и сето ова напредува и станува сè појасно“, рече францускиот претседател.
Тој нагласи дека „клучот е да има војници во Украина“.
Ставот на Макрон доаѓа во време кога големите европски сили, како што е Франција, недвосмислено го поддржуваат предлогот за итно 30-дневно примирје во Украина – иницијатива која доби поддршка и од американскиот претседател Доналд Трамп.
Макрон го посети Киев во саботата заедно со лидерите на Велика Британија, Германија и Полска. За време на посетата, четворицата лидери разговараа по телефон со претседателот Трамп во обид да ја зајакнат меѓународната координација околу украинската криза.


