Макрон и се обрати на нацијата: Ние сме во здравствена војна

Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќање до нацијата нагласи дека „ние сме во војна” против коронавирусот и најави дополнителни ограничувања за движење во Франција.

– Ние сме во војна. Здравствена војна, секако, но војна, рече претседателот во обраќањето, кога најави нови и построги мерки за борба против ширењето на епидемијата на новиот коронавирус во Франција.

– Ве замолувам да останете дома. Ве замолувам да останете смирени, нагласи Макрон.

– Почнувајќи од утре, напладне, целото движење ќе биде силно редуцирано. Средби со вашите пријатели на улица нема да бидат можни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот