Македонското репрезентативно крило Ѓуроски ќе игра за шпанскиот клуб Оуренсе

ѓуроски мзт пелистер
Македонскиот кошаркар Стојан Ѓуроски повторно ќе игра во Шпанија/Фото: kfsm.mk

Победата во Данска во рамките од претквалификациите за ЕП 2025 беше важен момент и за Стојан Ѓуроски. Но освен тоа, македонскиот репрезентативец имаше уште една причина за задоволство.

Затоа што искусното крило стави крај на дилемите околу тоа каде ќе ја продолжи својата професионална кариера.

А од неколкуте понуди кои во текот на ова лето стигнаа на негова адреса, Ѓуроски одлучи да ја прифати онаа на шпанскиот Оуренсе, член на „ЛЕБ Оро“ лигата.

Станува збор за екипа од „ЛЕБ оро“ лигата, добро позната за 30-годишниот Ѓуроски, кој веќе има искуство со настапи во оваа конкуренција како играч на Хуеска, Mелила и Аликанте.

На клупски план ги бранеше и боите на Левски Софија (Бугарија), Работнички, Кожув, МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, Блокотехна, АЛМ Евру Баскет (Франција) и Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот