Македонското друштво „Илинден“ од Тирана го најавува годишниот собир

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ги повикува сите Македонци и добронамерници од Албанија на годишната средба која ќе се одржи во село Ербеле – Маќелара, кај црквата Св. Преображение, историска црква од 12 век.

Средбата е закажана за 18 и 19 август 2025 година, а организаторите ги покануваат сите заинтересирани да присуствуваат и да учествуваат во настанот.

Друштвото „Илинден“-Тирана нагласува дека сите се добредојдени, со цел зајакнување на македонската заедница и културните врски меѓу Македонците во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот