Македонските тенисери со победа го крунисаа 100 меч во Дејвис купот

фото: mtftennis.mk

Македонската Дејвис куп тениска репрезентација со победа ги почна натпреварите во годинашново издание од Третата Европска зона во групата „Б“ група од Дејвис купот. Во Ларнака, Кипар денеска во дуелот од 1 коло совладана беше Малта со 2:1, откако противникот водеше со 1:0. Така македонските тенисери со победа го одбележаа јубилејниот 100 меч во ова натпреварување.

Решавачкиот поен го обезбедија Калин Ивановски и Берк Бугариќ во двојки откако со 2:0 во сетови 6:4 и 6:4 за 1 час и 18 минути ги победија Алекс Дегабриеле и Лиан Деликата.

Првиот сет до 4:4 во гемови беше изедначен, а во деветтиот гем се играше најдолго вкупно 14 поени, а Ивановски и Бугариќ ја искористија четвртата сет топка, по која нашите тенисери поведоа со 5:4. Во следниот гем на свој сервис Македонија ја реализираше предноста и сетот заврши 6:4. Во вториот сет нерешено беше до 3:3 во гемови кога Ивановски и Бугариќ направија брејк за 4:3. Во следниот гем и спасија две брејк топки за водство од 5:3. Во 10 гем при 5:4 за Македонија првата меч топка нашите тенисери не ја реализираа поради двојна грешка, но следната значеше победа – 6:4 во сетот.

На мечот во двојки му претходеа двата сингл мечеви. Во првиот Малта поведе со 1:0 откако Дегабриеле го совлада Обрад Марковски во маратонски меч со 2:1 во сетови (7:3 во тај брејкот од решавачкиот сет). Во вториот меч Ивановски со 2:0 во сетови го победи Деликата.

Противникот утре ќе биде познат по завршувањето на мечот меѓу домаќинот Кипар и Молдавија, во кој Молдавија води со 2:0. Во мечот од „А“ групата Естонија ја совлада Црна Гора со 2:1.

Дејвис куп: Македонија во негатива по првиот меч против Малта

Дејвис куп: Ивановски донесе поен за израмнување против Малта

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот