Македонските средношколци на 67 место на меѓународното тестирање ПИСА

Македонија е рангирана на 67 место од минатогодишното меѓународно тестирање ПИСА на средношколци на возраст од 15 години. Резултатите денеска ги објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според нив, македонските средношколци се оценети со 393 бодови за читање, 394 за математика и 413 за природни науки. Тестирањето е спроведено во 79 земји или економии.

На прво место на листата на ОЕЦД е рангирана Кина, второто е за Сингапур, на трето и четврто се Макао (Кина) и Хонгконг (Кина). Од европските земји најдобра е Естонија, која е на петто место, а државите во регионот сите освен Косово (75 место) се рангирани пред нашата земја – Словенија (21), Хрватска (29), Србија (45), Црна Гора (52) и Босна и Херцеговина (62).

Лани беа опфатени околу 5 500 средношколци од јавните гимназии во земјава, кои беа тестирани во трите категории. Меѓународната програма за тестирање на знаење и вештини на ученици е почната во 2000 година со цел да ги процени знаењата на учениците за наука, математика и писменост.

Македонските средношколци ПИСА тест полагаа во 2000 и во 2015 година кога се добиени резултати под меѓународниот просек. На тестот пред четири години Македонија беше рангирана на дното на листата од 72 земји во светот, заедно со Тунис. Косово, Алжир и Доминиканска Република.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот