Македонските голмани Митревски и Кизиќ ги имаа едни од најдобрите одбрани во Лигата на шампионите

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Двајцата репрезентативни голмани на Македонија, Никола Митревски и Марко Кизиќ добија место помеѓу најдобрите пет одбрани во ракометната Лига на шампиони.

Еурофарм Пелистер беше декласиран со 28:23 на гостувањето кај Алборг, но Кизиќ во овој натпревар блесна со одбрана која доби место помеѓу најдобрите. Со одбранетиот зицер кога во прилика за гол беше пивотот Бартход, Кизиќ се најде на третото место.

Никола Митревски беше еден од најзаслужните за камбекот на Порто против Целје. Португалскиот тим славеше со 30:29, а во моментите кога се враќаше резултатски во игра Митревски блесна со супер одбрана.

Одбраната на колото ја има голманот на Барселона, Емил Нилсен. Најдобрите одбрани можете да ги погледнете на официјалната страна на ЕХФ – ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот