Фото: ffm.mk

Македонските фудбалерки поразени од Унгарија во квалификациите за Светското првенство

Во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во женска конкуренција, репрезентацијата на Унгарија ја совлада Македонија со 5:0.

Гостинките го решија мечот уште во првото полувреме кога постигнаа четири погодоци, а клучни беа двата гола во првите девет минути.

Серијата погодоци ја отвори Дијана Чањи уште во втората минута, а веќе во деветтата зголеми на 2:0. Унгарската репрезентативка во 20. минута повторно се запиша во листата на стрелци и со хет-трик им донесе на гостинките водство од 3:0.

Во првата минута од судиското надополнување, Силија Савања ја совлада Викторија Панчурова и Унгарија поведе со 4:0.

Во продолжението од натпреварот гостинките имаа целосна контрола врз играта и не успеаа да реализираат неколку шанси за погодок. На две минути пред крајот на натпреварот Ана Чики го постави конечниот резултат од 5:0.

Следниот натпревар избраничките на селекторот Александар Андов ќе го играат за четири дена кога повторно се среќаваме со Унгарија. Натпреварот се игра во Фелчут, а почетокот е закажан за 15.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот