Македонскиот репрезентативец Ѓуроски повторно во Шпанија

twitter.com/melillaesdeport

Нашето кошаркарско крило потпиша едногодишен договор со шпанскиот второлигаш Аликанте..

Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски во наредната сезона ќе игра во Шпанија. Поточно ќе го носи дресот на шпанскиот второлигаш Аликанте, со кој се обврза на едногодишна соработка.

За Ѓуроски ова всушност ќе претставува своевидно враќање на Пиринејскиот Полуостров, каде што претходно играше за екипите на Хуеска и Мелилја, исто така во ЛЕБ Силвер лига.

Екипата на Аликанте во минатиот незавршен шампионат (прекинат поради пандемијата на коронавирусот) го освои четвртото место иако тоа беше премиерен настап за овој клуб во оваа второлигашка конкуренција во Шпанија.

Во текот на ланската сезона, високото крило на нашиот национален тим настапуваше за францускиот ПРО Б лигаш, Евре. Претходно играше и за Левски, Работнички, Кожув, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Блокотехна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот