Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов ќе игра за турскиот клуб Капакли

Фото: kfsm.mk

Македонскиот кошаркар Кристијан Николов се враќа во Турција каде ќе игра за составот на Капакли.

Капакли сезонава игра во втората турска кошаркарска лига каде моментно е на деветтото место и има серија од четири порази.

Веќе има долго искуство од играњето на турско тло, настапувајќи за Галатасарај, Јешилгиресун Беледије, Трабзонспор, Истанбул ББ, Петким Спор и Коњаспор.

Во нашата земја ги бранеше боите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Со екипата на Работнички сезонава имаше настап во квалификациите за ФИБА Еврокупот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот