Македонскиот репрезентативец Алиоски во тимот на годината во Саудиска Арабија

фото: instagram.com/alahliclub.sa

Ново признание за сениорскиот репрезентативец на Македонија, Езџан Алиоски кој сезонава настапува за турскиот гигант Фенербахче како позајмица од Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Во изминатиот период се шпекулираше дека можно е нашиот играч иако позајмицата во Фенер му истекува до крајот на сезоната, можно е предвреме да ја напушти Турција и се врати во Ал Ахли.

Имаше одлични игри во дресот на Ал Ахли поради кои се најде во тимот на годината во Саудиска Арабија.

Алиоски има оценка 7,19 на позицијата лев бек. Заедно со него во одбраната се и М Саадане (7,19), И. Сантос (7,12) и С. Аабдулхамид (7,08).

Следуваат Б. Хенрике (7,26), Е. Банега (7,24), С. Ал-Давсари (7,39), А. Талиска (7,37), А. Кариљо (7,43), а најистурен во нападот е А. Хамдалах (7,28).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот