Македонскиот борач Омер Мемеди го освои трофејот „Македонски бисер“
Македонскиот борач Омер Мемеди (92 кг) го освои трофејот „Македонски бисер“ на јубилејниот 50 турнир што се одржа во Радовиш.
Препорачано
Радовиш изминатиот викенд живееше во ритамот на борењето. Повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, бројни спортски делегации, гости и љубители на спортот беа дел од меѓународниот боречки турнир, настан кој уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најзначајните и најреномирани боречки турнири во регионот.
Во текот на петте децении постоење, низ „Македонски бисер” продефилирале бројни европски, светски и олимписки медалисти, што дополнително го потврдува неговото место на мапата на најзначајните боречки турнири во Југоисточна Европа.
Признанието за најдобар домашен борец му припадна на репрезентативецот Расул Шапиев за неговиот извонреден настап во категоријата до 74 кг. Со епитетот најдобар странски борец се закити репрезентативецот на Молдавија, Раду Лефтер, (до 125 кг).
Публиката со особено внимание ги проследи настапите на Мехмет Усинов, Реџеп Хајдари и Илија Атанасов, кои со своите борби уште еднаш покажаа дека македонското борење има иднина.
Победници по категории:
До 57 кг:
1-во место: Јон Булгари – Молдавија,
2-ро место: Младен Ефтимов – Македонија
До 61 кг:
1-во место-злато: Ивајло Тисов – Бугарија,
2-ро место – сребро: Ник Дојчинов – Бугарија,
3-то место-бронза:
Габриеле Кондев – Бугарија,
Мехмет Усеинов-Македонија
До 65 кг:
1-во место: Леомид Колесниц – Молдавија,
2-ро место: Вајле Марку – Молдавија,
3-то место:
Авдили Ендрио – Албанија,
Маран Сандру – Романија
До 70 кг:
1-во место: Максим Скултан – Романија,
2-ро место: Мухамед Ферухи – Македонија,
3-то место:
Стефан Коман – Романија,
Бенџамин Бојте – Романија
До 74 кг:
1-во место: Василие Диакон – Молдавија,
2-ро место: Фатих Вејсели – Македонија,
3-то место:
Калојан Атанасов – Бугарија,
Калојан Стојанов – Бугарија
До 79 кг:
1-во место: Расул Шепие – Македонија,
2-ро место: Мариус Ретко – Молдавија,
3-то место:
Габриел Ојог – Молдавија,
Ѓорѓи Робу – Молдавија
До 86 кг:
1-во место: Кристиан Биро – Романија,
2-ро место: Лилиан Балан – Молдавија,
3-то место: Ибрахим Сула – Албанија,
До 92 кг:
1-во место: Омер Мемеди – Македонија,
2-ро место: Адам Модусајан – Македонија,
3-то место: Трајан Капатина – Молдавија,
До 97 кг:
1-во место: Андријан Гросу – Молдавија,
2-ро место: Адријан Валканов – Бугарија,
3-то место:
Сали Салиев – Бугарија,
Реџеп Хајдари – Македонија
До 125 кг:
1-во место: Раду Лефтер – Романија,
2-ро место: Сарем Омар – Романија,
3-то место: Илија Атанасов – Македонија


