Константин Чешмеџиев/Vestri - Knattspyrna

Македонски фудбалер направи трансфер на Исланд

Македонскиот фудбалер Константин Чешмеџиев ја продолжува интернационалната кариера, откако официјално стана нов член на исландскиот клуб Вестри.

Станува збор за екипа која се натпреварува во втората лига на Исланд и јасно ги најавува своите амбиции за пласман во најсилниот ранг на натпреварување.

Од Вестри потврдија дека Чешмеџиев пристигнува како ново засилување, а негов последен ангажман беше во босанскиот клуб Радник од Бијелина.

Македонскиот дефанзивец зад себе има богато меѓународно искуство, настапувајќи и во шампионатите на Саудиска Арабија, Албанија и Бугарија. Во домашното првенство, пак, го носеше дресот на Пелистер, Македонија ЃП, Брера, Шкендија, Шкупи и Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот