Македонска голманка е пред трансфер во Црвена звезда
Македонската репрезентативна голманка Јована Мицевска кариерата ќе ја продолжи во редовите на Црвена Звезда, пренесува српски „Моцарт Спорт“, наведувајќи дека белградскиот клуб веќе работи на засилување на тимот за новата сезона.
Препорачано
Актуелниот шампион на Србија има амбициозни планови и покрај продолжувањето на доминацијата на домашната сцена, целта е и подобар настап во европските натпреварувања, со надеж за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.
За 24-годишната Мицевска ова би било нов предизвик во кариерата, откако претходно настапуваше за Вардар, француска Ница и романска Слатина. Последниот ангажман го имаше токму во Романија, пред привремено да се повлече од терените откако стана мајка.
Мицевска беше стандарден дел од македонската репрезентација и настапи на Европските првенства во 2022 и 2024 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


