Македонија во вториот шешир, преку потешкиот пат до СП 2021

Фото: РФМ

Нашите најдобри ракометари на 9 март во Виена ќе добијат силен противник за пласман на Мундијалот во Египет…

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација ќе добие потежок противник во баражот за пласман на наредниот Мундијал кој што ќе се одржи наредната година во Египет.

Се доби официјална потврда од Европската ракометна федерација (ЕХФ), со оглед на слабиот пласман на последното ЕП каде што го освоивме 15. место, се најдовме во шеширот на послабите селекции.

Ждрепката ќе се одржи на 9 март во Виена, избраниците на селекторот Данило Брестовац можат да добијат силен противник како Франција, Германија, Шведска…

Прв пешир: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција.

Втор шешир: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција или Русија, Романија или Босна и Херцеговина, Полска или Литванија, Израел или Летонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот