фото: @eyof_2025/facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok

Македонија во првиот меч ја совлада Литванија во 3×3 кошарка на Европскиот младински олимписки фестивал

Македонската женска репрезентација успешно стартуваше на турнирот во 3×3 кошарка на Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 2025 откако со 14:11 славеше против Литванија со 14:11.

За македонската селекција пет поени запиша Теодора Мариновска, по четири Јана Кукунешоска и Дора Алексова, а еден запиша Лара Малиновска.

Во нашата групата А во вториот дуел Германија беше подобра од Словенија (21:12). Во второто коло Словенија се среќава проти Литванија, додека Германија е следниот ривал на Македонија.

Во групата Ц по две одиграни кола води Ирска која има две победи, следуваат Холандија и Романија со по една победа и пораз, а Летонија е на последната позиција со два порази.

В среда ќе се одиграат и првите натпревари од групите Б и Д. Во групата Б се репрезентациите на Белгија, Полска, Шпанија и Турција, а во групата Д ќе играат Франција, Велика Британија, Унгарија и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот