Македонија со пресврт до втора победа на „Жолтиот куп“ во Винтертур
Денеска во својот втор натпревар од „Жолтиот куп“ во Винтертур, Швајцарија, најдобрите македонски ракометари триумфираа над Украина со 31:26.
Препорачано
Иако на полувремето водеа Украинците со 17:13, избраниците на селекторот Кирил Лазаров направија целосен пресврт во вториот дел и дојдоа до втората победа на турнирот.
Македонските репрезентативци ја подобрија играта во одбраната, направија серија од 6:1, дојдоа до минимални 19:18, а потоа постепено го казнуваа противникот и со ефикасни напади ја зголемуваа својата позитива.
Потсетување, нашата селекција стартуваше победнички на турнирот во швајцарскиот град над Бахреин со 32:28.
Последниот трет меч Македонија ќе го има в сабота од 18.00 часот против домаќинот Швајцарија.
Овој турнир служи како подготовка за настапот на Европското првенство кое ќе почне на 15 јануари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
12мин
-
18мин
-
22мин
-
22мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


