Фото: National Boxing Federation of North Macedonia

Македонија со пет боксери на меѓународниот турнир во Будва

Националната боксерска федерација на Македонија ја информира јавноста дека нашата репрезентација ќе учествува на престижниот меѓународен боксерски турнир кој ќе се одржи во периодот од 14 до 22 март 2026 година во Будва, Црна Гора.

На овој силен меѓународен турнир, каде традиционално учествуваат боксери од повеќе европски и светски федерации, Македонија ќе ја претставуваат следните боксери:

– Ален Рустемовски – 60 кг
– Адријан Рустемовски – 60 кг
– Ружди Рустемовски – 65 кг
– Наум Стојаноски – 70 кг
– Никола Кисковски – 80 кг

Репрезентацијата ќе ја предводи тренерот Владимир Цекиќ. Дел од македонската делегација ќе биде и меѓународниот боксерски судија Петре Неделковски, кој ќе учествува во судискиот тим на турнирот.

Настапот на Montenegro Cup 2026 претставува важна можност за нашите боксери да стекнат меѓународно искуство, да ги тестираат своите способности против силна конкуренција и достојно да ја претстават Македонија на меѓународната боксерска сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот