Македонија со Манасков на утрешниот важен натпревар против Турција

Дејан Манасков се враќа во националната селекција на Македонија/фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

После убедливата победа во Скопје над Луксембург, македонската сениорска репрезентација в недела од 16.00 часот во Ван против Турција ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првентво 2024.

Турците исто така на стартот беа убедливо поразени од Португалија, но нашиот селектор Кирил Лазаров не очекува да биде лесно на утрешниот дуел кој може да биде важен за нас во остварувањето на главната цел, пласман на позициите во групата кои водат на континенталниот собир.

Лазаров на располагање ќе има 17 ракометари, за разлика од првиот меч во квалификациите, сега во националната селекција ќе биде искусното лево крило Дејан Манасков кој се враќа по опоравувањето од повредата.

На списокот овојпат нема да бидат голманот Марко Кизиќ, пивотот Марко Стојковиќ и левото крило Петар Атанасијевиќ, а повторно во составот го нема среднуот бек Марко Митев. Покрај Манасков, повикани се и Мартин Томовски, Михајло Младеновиќ и Костадин Петров.

Судии на мечот Турција – Македонија ќе бидат Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ од Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот