Македонија-Велс Фото: EPA/DIMITRIS LEGAKIS

Македонија понижена во Кардиф: Велс слави со 7-1

Македонската фудбалска репрезентација го доживеа еден од најтешките порази во историјата, губејќи од Велс со 7-1 во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со овој пораз Македонија ги заврши мундијалските квалификации на третото место во групата.

Велшаните доминираа уште од самиот почеток, а резултатот беше отворен во 18. минута со пенал на Вилсон за 1-0. Три минути подоцна, Брукс зголеми на 2-0, но Македонија брзо одговори – во 23. минута Миовски погоди за 2-1. Сепак, Велс не се ослободи од притисокот и во 37. минута Џонсон го зголеми водството на 3-1, со што се замина на пауза.

Во второто полувреме, Велс продолжи со својата доминација. Џејмс погоди за 4-1 во 57. минута, а потоа Вилсон изведе фантастичен слободен удар за 5-1 во 75. минута. Сепак, тоа не беше крај – Велс продолжи да го полни голот на Македонија, а на крајот резултатот беше неверојатни 7-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот