ЕУ,МК и НАТО знаме / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Македонија од ЕУ доби 65,7 милиони евра преку Планот за раст на Западен Балкан

Европската комисија стави на располагање 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора и 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, објавија денеска од Комисијата.

„Трансакциите следат по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за реформските чекори спроведени во областите на деловната конкурентност и иновации во Албанија и Црна Гора, како и образованието и дигитализацијата во Северна Македонија“, соопшти Европската комисија.

Планот за раст на Западен Балкан, усвоен во 2023 година, има за цел да ги донесе придобивките од членството на земјите-партнери во регионот дури и пред нивното пристапување кон ЕУ

„(Планот) се стреми да ги интегрира партнерите во единствениот пазар на ЕУ, да ја подобри регионалната економска соработка, да ги продлабочи реформите поврзани со ЕУ и да го зголеми претпристапното финансирање. Ова, пак, го забрзува процесот на проширување и растот на партнерските економии“, потсети Брисел.

Со денешната исплата, вкупниот износ исплатен во рамките на овој фонд достигнува 212,8 милиони евра за Албанија, 89,3 милиони евра за Црна Гора и 142,1 милиони евра за Македонија.

Европската комисија ги распределува средствата од овој План за раст поединечно на секоја земја и само кога таа ги исполнува специфичните услови утврдени во нејзината „Реформска агенда“, документ во кој се наведени точните реформи на кои земјата се обврзала.

ЕУ ќе додели 200 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора преку Планот за раст, најави Кос

Србија и Босна остааа без поддршка

За разлика од Албанија, Црна Гора и Македонија, кои ги исполнија условите за оваа транша, Србија и Босна и Херцеговина се изоставени од оваа рунда бидејќи сè уште не ги исполниле целосно преземените реформски чекори што беа предуслов за распределба на овие средства.

Србија моментално чека втора транша од 163,1 милиони евра и трета од 265 милиони евра. Средствата за Србија не се трајно изгубени, туку се блокирани додека не се исполнат потребните услови, по што Комисијата може да го одобри распределувањето за Белград.

Србија отиде неколку чекори назад по усвојувањето на контоверзните закони за правосудството.

Србија ризикува да изгуби милијарди евра помош од ЕУ поради врските со Русија и демократските назадувања

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот