Марта Кос / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ЕУ ќе додели 200 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора преку Планот за раст, најави Кос

Европската Унија во наредните денови ќе додели близу 200 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора поради имплементацијата на Планот за раст за Западен Балкан. Ова го најави еврокомесарката за проширување Марта Кос, која денес учествуваше на состанокот на Советот за надворешни работи, пренесува Дојче веле.

„Имам многу јасна порака – има место за сите земји од Западен Балкан во Европската Унија. Проширувањето е приоритет за ЕУ и ако кандидатите ги исполнат условите, тогаш и ние мора да го исполниме ветеното“, изјави Кос пред почетокот на состанокот.

Марта Кос: „Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан“

Кос нагласи дека ЕУ веќе ги исполнува своите обврски, потсетувајќи дека по 17 години е воспоставена работна група за договор за пристапување со нова држава – Црна Гора.

Таа ја поздрави и целосната интеграција на Србија во Единствената европска платежна област (СЕПА), со што се приклучи на Албанија, Црна Гора и Македонија, каде веќе се воведени побрзи и поевтини меѓународни трансакции.

Минатиот месец Марта Кос предупреди дека земјите од Западен Балкан ризикуваат да изгубат над 700 милиони евра од Планот за раст доколку не ги завршат потребните реформи до крајот на грејс-периодот во 2026 година.

Таа изрази загриженост за состојбите во Србија, наведувајќи дека одредени законски решенија ја поткопуваат независноста на судството, како и за притисоците врз демонстрантите и медиумите.

Србија ризикува да изгуби милијарди евра помош од ЕУ поради врските со Русија и демократските назадувања

Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан изнесува 6 милијарди евра, од кои 2 милијарди евра се грантови, а 4 милијарди евра се кредити Програмата го опфаќа периодот 2024–2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот