Мартин Томовски/фото: EPA-EFE/Christopher Neundorf

Македонија комплетирана, Томовски се стави на располагање на Лазаров

Ракометната селекција на Македонија конечно е во полн состав, откако на подготовките ѝ се приклучи и голманот Мартин Томовски, последниот што недостасуваше во таборот на националниот тим.

Томовски поради клупски обврски беше спречен да се стави порано на располагање, но со завршувањето на годината му се приклучи на составот предводен од селекторот Кире Лазаров.

По одигрувањето на пријателскиот натпревар против Хрватска во Пореч, македонските ракометари се вратија во Скопје, каде во следните четири дена ќе тренираат со засилено темпо, со по две сесии дневно во салата „Автокоманда“.

На 7 јануари е закажано заминувањето за Швајцарија, каде Македонија ќе настапи на традиционалниот турнир „Жолт куп“, заедно со селекциите на домаќинот, Бахреин и Украина.

По настапот на турнирот, репрезентацијата директно ќе отпатува за Данска, каде од 16 јануари ќе го започне учеството на Европското првенство.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот