Фото: instagram.com/3x3macedonia

Македонија ќе игра во финалето за титулата на светското 3×3 финале во Дубаи

Момците од EUROEDIL HOLDING ги дели само уште една победа да дојдат до пехарот на Red Bull Half Court 3х3 натпреварувањето во Дубаи, ОАЕ.

Составот на EUROEDIL HOLDING го сочинуваат две братски двојки: Амар и Елвис Хот & Карло и Паоло Блажевски.

Македонија во полуфиналната фаза славеше убедливо со конечен резултат 21:4 против тимот на Молдавија.

Работата не е завршена, во борбата за титулата противник на македонските баскетчии ќе биде составот на Египет кој во вториот полуфинален дуел со 13:6 беше подобар од Австралија.

И во женска конкуренција Египет има свој претставник во финалето, а противник им е Јапонија.

Преку овој настан Дубаи ја обединува кошаркарската култура во незаборавна атмосфера со иконскиот Музеј на иднината како позадина и многу возбудливи елементи и изненадувања на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот