Македонецот блеска за Џенова: Пандев во тимот на колото во Серија А! (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Нашиот репрезентативец и на 36 голови е во врвна голгетерска форма, а тоа го докажува во дресот на Џенова.

Неговиот клуб се бори за опстанок во најсилното италијанско првенство, а Горан Пандев во триумфот над Спал го постигна деветтиот гол сезонава во шампионатот.

Се најде во тимот на колото во изборот на „инфогол“, а во истиот се наоѓаат уште Мартинез, Орсолини, Малиновски, Бонацоли, Шоне, Гаглиоло, Ферари, Јошида, Ди Лоренцо и Крањо.

Во следното коло Џенова в четврток ќе гостува кај составот на Торино (19.30 часот).

фото: твитер

Деветти гол на „Гранде Пандев“ во Серија А! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот