Пандев со истиот учинок од 2009 година кога играше за Лацио

фото: твитер

Денеска македонскиот репрезентативец со нов погодок ја најави победата на Џенова, три важни бода во борбата за опстанок во Серија А.

За Горан Пандев (36) запиша еден гол против Спал, што е негов деветти оваа сезона во најсилното италијанско првенство. На 27 јули нашиот напаѓач ќе го прослави 37 роденден, но и натаму блеска на терените и кога е најпотребно му помага на својот клуб.

Деветти гол на „Гранде Пандев“ во Серија А! (ВИДЕО)

Кога е во прашање учинокот во италијанската Серија А, Пандев се израмни со својот биланс на погодоци кој го имаше во сезоната 2008/2009 кога ги бранеше боите на Лацио.

До крајот на сезоната Џенова има уште шест натпревари, дома против Лече, Интер и Верона, а на гости кај Торино, Сампдорија и Сасуоло.

„Гранде Пандев“ има шанса да биде уште подобар од аспект на головите, во првите две сезони за Лацио имаше по 11 голови во првенството, а најдобрата ја имаше во сезоната 2007/2008 кога реализираше 14 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот