Македонец го спречи трансферот на Арнаутовиќ во Манчестер јунајтед

Арнаутовиќ на Евро 2020 го навредуваше Алиоски на нацонална основа/фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед се откажа од ангажирање на играчот на Болоња, Марко Арнаутовиќ под притисок на навивачите, а посебно по мејлот што до клубот го Мајкл Дамевски.

Англиските медиуми пишуваат дека Дамевски во меилот адресиран до управата на Јунајтед се прашува како потпишувањето со Арнаутовиќ ќе се одрази на клупската политика за нулта толеранција кон расизмот.

Навивачот во меилот пишува дека Арнаутовиќ за време на Европското првенство што се одржа минатата година влезе во вербален дуел со македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски кого го навредувал на национална основа поради што доби суспензија од УЕФА од еден натпревар. Инцидентот се случи на натпреварот Австрија – Македонија (3:1).

Овој меил според „Атлетик“ натерал дел од управата да размисли за ангажманот на Арнаутовиќ, а по откако пристигнале и други мејлови од навивачите во кои се бара да не се реализира трансферот, Јунајтед се откажа од купување на играчот на Болоња.

За тоа колку Арнаутовиќ беше блиску до трансфер во Манчестер јунајтед доволно говори податокот дека клубот ги договорил личните услови со Арнаутовиќ, а подготви понуда тешка 8 милиони евра за Болоња, откако италијанскиот тим ја одби првата од 6,8  милиони евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот