Македонците против Чешка ја бркаат втората победа на Европското првенство

фото: рфм

Со евентуален нов триумф избраниците на селекторот Данило Брестовац и официјално ќе го обезбедат настапот во главната фаза.

После успешниот старт на континенталниот собир и триумфот над Украина, денеска погледите се насочени кон вториот настап на нашите најдобри ракометари во Виена против селекцијата на Чешка.

Во рамките од второто коло во групата „Б“, избраниците на селекторот Данило Брестовац имаат шанса со нов триумф да го обезбедат настапот во главната фаза на Европското првенство.

Важни беа бодовите против Украинците, но се покажаа слабостите во играта кои треба да се поправат во наредниот период.

И самиот селектор призна после првиот дуел дека младите бегаа од одговорност и дека грешките треба да се сведат на минимум.

Пивотот на нашата селекција, Жарко Пешевски вели дека одбраната ќе го реши мечот против Чесите. Судии на оваа пресметка ќе бидат Швеѓаните Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик.

ЕП 2020

Група „Б“ (прелиминарна фаза)

2. коло, двојки –

16.00 часот Македонија-Чешка

18.15 часот Австрија-Украина

Табела: Австрија 2 бодови, Македонија 2, Украина 0, Чешка 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот