Онлајн шопинг/ Фото: TEK IMAGE / Sciencephoto / Profimedia

Македонските граѓани лани потрошиле 427,8 милиони евра за онлајн трансакции во странство, најмногу за хотели и авиобилети

Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше објавените податоци од Народната банка на Република Македонија за трансакциите со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025 година. Mоже да се забележи дека нашите граѓани со платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели).

-Во однос на 2024 година, Македонците потрошиле 50% повеќе во вредност, додека бројот на е-трансакциите е зголемен за 69%. Просечната трансакција изнесува 34 евра и е помала за 11% во однос на минатата година. При тоа, 74% од вредноста и 83% од бројот на направените трансакции се во Ирска, Холандија, Обединето Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург – стои во сопштението на Асоцијацијата за е-трговија.

Македонските граѓани оствариле најголема вредност на е-трансакции во Ирска, во износ од 92,1 милиони евра, со пораст од 173% во однос на минатата година, додека во Холандија е остварена вредност од 62,4 милиони евра и пораст од 49% во однос на минатата година.

Во Ирска е направен и најголем број, односно 4,8 милиони е-трансакции од страна на Македонците, а потоа 2,1 милион во САД, додека најголем годишен пораст на бројот на е-трансакциите во 2025 година е забележан во Германија, од скоро 650%, и во Кипар, 263%.

Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија од 152,2 евра, иако помалку од лани за 2,1%, додека во Луксембург направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 14,1 евра. Во 2025 година се забележува драсатичен пад на просечната трансакција во Германија од скоро 70% која минатата година беше највисока и изнесуваше 214,2 евра.

Провизиите „горат“- за водење на сметка во банка 35 денари месечно, за плаќање сметка на шалтер 50 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот