Македонците јадат најмногу благо во регионот

unsplash
Фото: Unsplash

Македонците јадат најмногу благо во регионот, а се позиционирани високо и на европската листа, покажува анализата за потрошувачката на шеќер по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Македонците годишно консумираат по 36,7 килограми шеќер, Хрватите се втори со 33,8, пред Грците со 31,6, Бугарите, 27,5, Србите 22,4 и Црногорците со 21,2 килограми. Најмали љубители на слатко се Словенците со 19,4 и жителите на Босна и Херцеговина со 18,3 килограми.

Фото: landgeist.com

Во Европа најмногу шеќер јадат Белгијците 48,3 и Полјаците 45,7 килограми. Најмалку слатко, пак, се консумира во Луксембург, само 10,8 килограми.

Податоците на „Landgeist“ не вклучуваат само суров шеќер, туку и количините во производите што содржат шеќер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот