Македонците блескаа во Унгарија: Два гола и асистенција за Марио Илиевски, еден гол на Бобан Николов

Фото: Kisvárda FC

Maкедонските фудбалери имаа свој ден на натпреварот во Унгарија помеѓу Кишварда и Ујпешт во рамките од 17. коло во првенството.

Марио Илиевски и Бобан Николов беа творци на сите четири гола на Кишвардар во победата од 4:0. Младинскиот напаѓач беше стрелец на два гола и асистент за третиот, четвртиот со мајсторски волеј удар го постигна Николов кој во улога на асистент беше при првиот гол на Илиевски.

Натпреварот беше отворен уште во 34. минута кога по одличната акција и асистенцијата на Николов, Илиевски го отвори резултатот.

На стартот од вториот дел во 47. минута Илиевски асистираше на Навратил за 2:0. Само шест минути подоцна Илиевски го постигна својот втор гол за 3:0. По нешто повеќе од еден час игра Николов со волеј удар од 18 метри го постави конечниот резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот