Мајли Сајрус: Користам секс играчки за дизајн на ентериерот

youtube
Фото: Јутјуб

Светски познатата пејачка Мајли Сајрус во неодамнешното интервју откри дека повеќе ја привлекуваат женските тела отколку машките. Имено, славната пејачка призна дека машките тела не ја возбудуваат толку многу како женските.

Поранешната Дизни ѕвезда, која е бисексуалка, вели дека сè се сведува на естетика.

„Девојките се многу позгодни. Сите тоа го знаеме“, изјави таа.

„Мислам дека со тоа можат сите да се сложат уште од античките времиња кога изработувале машки полови органи како скулптури“, додаде таа.

„Освен тоа, не сум толку заинтересирана, го сакам машкиот полов орган како уметнички предмет. Навистина го сакам тој облик, мислам дека одлично одговара на масата“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

Младата пејачка својата куќа оваа година наместо со елка и лампиони ја украси со бројни секс играчки.

„Ги купувам за себе, но на крајот ги користам за дизајн на ентериерот. Сексот и дизајнот на ентериерот одат рака под рака“, се пошегува таа.

Тоа не е првпат Мајли да користи вибратори за двојна намена.

„Кога ќе купам вибратор не го употребувам во спалната соба, бидејќи ми се допаѓа повеќе како тој изгледа на мојата маса“, изјави Мајли, која е позната по ексцентричните потези во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот