Мајкл Џордан донираше 10 милиони долари за изградба на клиники

фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан донираше 10 милиони долари за изградба на две медицински клиники во сиромашните заедници во близина на неговиот роден град Вилмингтон, соопшти денеска регионалниот здравствен систем.

Клиниките „Новант Хелт“ се очекува да бидат отворени на почетокот на 2022 година, во округот Њу Хановер, лоциран на југоисточниот брег на Северна Каролина.

Џордан донираше седум милиони долари на Вилмингтон во 2017 година, кога исто така беа изградени две болници. Продолжува со неговата хуманитарна работа и огромните донации, а богатството на сопственикот на Шарлот Хорнетс се проценува на 2,2 милијарди долари.

– Вилмингтон има посебно место во моето срце и навистина ми е драго што можам да ѝ се оддолжам на заедницата што ме поддржуваше цел живот – рече Џордан.

Како играч одигра 15 сезони во НБА лигата и освои шест шампионски титули со Чикаго Булс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот