Мајкл Даглас / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Мајкл Даглас има 81 година и уште е авантурист – спие во хотел целосно изграден од мраз

И на 81 година, Мајкл Даглас не мирува. Холивудскиот актер се јави од Арктикот, каде престојува во необичен хотел изграден речиси целосно од мраз, докажувајќи дека авантуристичкиот дух не познава години.

Даглас на социјалните мрежи сподели видео од својата експедиција, на кое се гледа како, облечен во дебела зимска опрема и со кацига на главата, се движи низ бескрајни ледени пространства и снежни планини. Во обраќањето откри дека се наоѓа во близина на руската граница и дека во овој дел од светот денот трае само неколку часа – сонцето изгрева околу 10 часот, а веќе околу 14 часот паѓа мрак.

Посебно внимание привлече хотелот во кој престојува. Станува збор за сместување во кое ѕидовите, креветите и речиси целиот ентериер се обликувани од ледени блокови. Наместо класичен мебел, просториите се украсени со уметнички ледени скулптури, а амбиентот потсетува на вистинска снежна станица.

„Никогаш во животот не сум видел нешто слично“, вели актерот во видеото, видливо воодушевен од искуството.

ВИДЕО | Мајкл Даглас одигра улога која требаше да му припадне на Ричард Гир: Едниот ја одби, а другиот стекна светска слава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот