ВИДЕО | Мајкл Даглас одигра улога која требаше да му припадне на Ричард Гир: Едниот ја одби, а другиот стекна светска слава
Мајкл Даглас во филмот „Волстрит“ ја одигра култната улога на Гордон Геко, која во голема мера ја одбележа неговата кариера. Сепак, актерот откри дека улогата за малку ќе им припаднела на двајца други славни актери пред тој да ја прифати.
Препорачано
Како што објасни, во тој период од кариерата барал предизвикувачки и посериозни улоги, а бил искрено почестен и воодушевен што бил избран да го толкува ликот на бескрупулозниот берзански магнат. Она што го дознал дури многу години подоцна е дека две големи ѕвезди ја одбиле улогата пред него.
„Целиот филм го немав гледано речиси 40 години, но неодамна налетав на напис во кој пишуваше дека Оливер Стоун прво му ја понудил улогата на Ворен Бити, кој ја одбил, а потоа и на Ричард Гир, кој исто така рекол ’не‘“, изјави Даглас.
Тој истакна дека уште од самиот почеток го сфатил проектот многу сериозно.
„Сценариото веднаш се издвојуваше како нешто сериозно. ’Волстрит‘ не беше само финансиска драма, туку остра критика на алчноста, амбицијата и моралните компромиси во Америка во 1980-тите. Во животот не добиваш многу улоги што се навистина добри“, додаде актерот.
Комбинацијата од искуството и професионалноста на Даглас му даде автентичност на ликот и создаде улога која и денес важи за култна. За оваа изведба, актерот освои и Оскар за најдобар актер.


