Мајката на милијардерот Илон Маск: Бев малтретирана во бракот, сиромашна и израснав генијалци

меј маск
Меј и Илон Маск / Фото: Принтскрин/Истаграм

Меѓународниот супермодел, нутриционистка и претприемачка ја споделила својата лична приказна и лекциите стекнати од сопствениот, како што самата вели, опасен и претпазлив начин на животот во книгата „Жената со план: совети за живот полн со убавина, авантури и успех“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

Меј Маск е меѓународен супермодел, регистрирана диететичарка, нутриционистка и светски предавач. Често се појавува во водечките модни магазини како што се „Венити фер“, „Вог“, „Космополитен“, „Мари Клер“ и „Алур“, но и на насловната страница на „Њујорк магазин“, меѓу другите. Родена е во Канада, извесно време живеела во Јужна Африка, а во моментот живее во Лос Анџелес.

Подобро сама, отколку да живеам во страв

Но, работите не биле секогаш гламурозни, Меј поминала низ трнлив пат до успехот. Нејзиниот живот го обележал бракот во кој била малтретирана, разводот на 31 година и борбата за работа и егзистенција. За да им обезбеди живот на своите деца, често работела повеќе работи. Кога со децата се преселила од Јужна Африка во Торонто, живееле во мал изнајмен стан, на почетокот  и без мебел.

Татко на нејзините деца е богатиот инженер Ерол Маск, со кого се омажила на 22 години и се развела по девет години брак, бидејќи тој ја малтретирал и физички и психички. Ерол бил богат, но се погрижил да ја остави со празни раце по разводот.

„Подобро е да бидеш осамен, отколку да се живееш во страв. Да се ​​биде несреќен е многу полошо. Осаменоста никогаш не ме натера да посакам да се вратам во несреќниот брак. Финансиската борба е многу подобра од секојдневното малтретирање. Не ми треба голема куќа, скапа облека, автомобили, авиони, бродови, фарми во пакет со секојдневната мизерија“, напишала Меј.

Мајката на технолошкиот генијалец Илон Маск немала лесен живот. Ова може да го потврдат сите што ја познаваат, по чиј наговор и ја напишала оваа книга. Со оглед на тоа, нејзините совети имаат посебна тежина. На своја кожа почувствувала што значи да живееш во сиромаштија и да почнеш од нула менувајаќи ги градовите, државите и континентите.

И покрај сите тешкотии што ѝ се случиле, таа сама израснала три деца кои денес се успешни деловни луѓе – Илон, Кимбал и Тоска.

Instagram

Како децата да бидат генијалци?

Многумина често ја прашуваат Меј како да се воспитуваат децата за да бидат генијални. На ова таа вели дека секогаш била искрена со своите деца, дозволувајќи им да ги следат своите страсти и да ги истражуваат сопствените идеи. Не ги третирала како деца, туку како возрасни луѓе кои се одговорни за својата иднина. Тие знаеле дека мора да бидат мирни додека таа работи, бидејќи може да ја изгуби работата, а потоа тие ќе останат без покрив над главата.

На 46-годишна возраст, Меј почнала да се чувствува самоуверено во врска со работата, децата кои студираат и нејзините книги. Била подготвена за нов предизвик: купување куќа. Куќата вредела 200.000 долари, а таа имала 10.000 долари во банката, што во тоа време бил доволен депозит за добивање кредит. Меѓутоа, ја одбиле, бидејќи водела приватен бизнис, што ја ставало во позиција во кредитно ризична положба. Својата заштеда од 10.000 долари одлучила да им ја даде на синовите за покренување на софтверската компанија „Зип2“, што се покажало како најдобра одлука со оглед на тоа што тие подоцна компанијата ја продале за 300 милиони долари.

Меј Маск вели дека секогаш е подобро да се биде интересен отколку убав, па на 72 години таа ги надминува границите! Активна е на социјалните мрежи и модните настани, а во манекенските води преживеала дури и кога се здебелила 30 кг – така што станала првиот и во тоа време единствениот плус-сајз модел во Јужна Африка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот