Мајката на Илон Маск откри: Кога одам да го посетам во Тексас, спијам во гаража

меј маск
Меј и Илон Маск / Фото: Принтскрин/Истаграм

Меј Маск, мајката на Илон Маск, во интервју за „Тhe Times“ призна дека кога го посетува технолошкиот магнат – чие богатство се проценува на 229 милијарди долари – во Тексас, мора „да спие во гаража“.

„Не можете да имате луксузна куќа до место каде се лансираат ракети“, објасни мајката на Маск.

меј маск
Меј Маск / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Таа додаде дека Илон не е заинтересиран да поседува работи иако е најбогатиот човек на светот. Самиот во април годинава изјави дека нема сопствен дом и дека преспива кај пријатели.

Што се однесува до соништата на Илон за испраќање луѓе на Марс до 2026 година, Меј рече дека не би се осмелила да замине на тоа патување.

„Патувањето бара шест месеци подготовка и изолација, а тоа навистина не ми е привлечно. Но, ако моите  деца сакаат да го сторам тоа, јас ќе го сторам тоа“, рече мајката на Илон.

Фото: EPA/JUSTIN LANE

Ветување за нејзиниот 50-ти роденден

Таа се осврна и на периодот по разводот со Ерол Маск, кого Илон еднаш го нарече „страшно човечко суштество“.

„Долго време по разводот имав страшно чувство во стомакот. Бев преплашена дека нема да можам да ги нахранам моите деца“, објасни Меј.

меј маск
Меј Маск / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Маск се присети на една анегдота поврзана со прославата на нејзиниот 50-ти роденден, кога немале доволно  пари да направат роденденска забава. Сепак, Илон и неговиот брат Кимбал, кои тогаш имале 27 и и 25 години, сепак ѝ приредиле изненадување на својата мајка.

„Децата донесоа храна и ми поклонија мала дрвена куќарка и мала дрвена кола и ми ветија дека еден ден ќе ми купат вистинска куќа и вистинска кола. Им реков дека е многу слатко, но не мислев дека тоа навистина ќе се случи“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот