Мајката на Ејми Вајнхаус ќе ги открие сите детали за животот на нејзината ќерка во новиот документарен филм на „Би-Би-Си“

unsplash
Фото: EPA/STEFFEN SCHMIDT

Мајката на Ејми Вајнхаус, Џенис, ќе ја раскаже приказната на својата ќерка во новиот документарец на „Би-Би-Си“ наречен „Amy Winehouse: 10 Years On“, по повод 10-годишнината од смртта на ѕвездата.

Славната пејачка имаше само 27 години кога трагично почина во 2011 година поради труење со алкохол, а оваа година нејзината мајка Џенис одлучи за прв пат да ја раскаже целата приказна на својата ќерка, пренесува „Би-Би-Си“.

epa-efe
EPA/HANNAH MCKAY

Џенис истакнува дека светот не ја знаел вистинската верзија на Ејми, поради што таа решила да открие работи од нејзиниот живот што јавноста не ги знаела до сега.

Мајката на Ејми, страда од мултиплекс склероза и затоа ќе ја раскаже целата приказна на својата ќерка со помош на останатите членови на семејството. Како што вели, поради болеста, не се сеќава најдобро на некои споени – а токму тоа била нејзината најголема мотивација за снимање документарен филм со „Би-Би-Си“ во кој ќе бидат прикажани досега невидени семејни снимки и архивски снимки од британската телевизија.

epa-efe
. EPA/FRANTZESCO KANGARIS

Со оглед на тоа што Ејми пред нејзината смрт не направила тестамент, нејзиното богатство кое се проценува над 5,3 милиони долари го наследиле нејзините родители. Нејзиниот поранешен сопруг, актерот Блејк Филдер-Цивил, со кого се раздели во 2009 година, не доби ништо.

Но, незадоволниот Блејк реши осум години по нејзината смрт да го бара својот дел од 1,8 милиони долари. Имено, тој истакна дека има целосно право да го направи тоа затоа што Ејми ги создала нејзините најголеми хитови додека биле заедно.

Бесчувствителното барање, како што го нарече јавноста, го шокираше семејството на Ејми, а многумина сè уште сметаат дека тој нема право на тоа, бидејќи нивната врска често беше претставувана како многу бурна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот