Хари Мегваер/EPA/ADAM VAUGHAN

Мајката и братот на Мегваер се бесни што тој не оди на СП: Најлошата одлука што сме ја виделе во животот

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер не се најде на списокот на Англија за претстојното Светско првенство, а самиот призна дека е шокиран и изненаден од таквата одлука на селекторот Тухел. Сега во јавноста се огласи и неговото семејство.

„Не можеше да направиш повеќе. Главата горе… Срамота. Згрозена сум“, порача неговата мајка Зои.

Уште поостар беше неговиот брат Џо.

„Ова веројатно е најлошата одлука што сум ја видел во животот. Немам зборови“, напиша тој.

Мегваер играше во одлична форма за Манчестер јунајтед откако Мајкл Карик во јануари седна на тренерската клупа, а Тухел го повика и за мартовските репрезентативни натпревари. Дефанзивецот беше стартер против Уругвај, а доби минутажа и против Јапонија, но селекторот на крајот се одлучи за други решенија во одбраната.

За англиската репрезентација Мегваер одигра 66 натпревари од дебито кај Герет Саутгејт пред девет години. Со Англија беше европски вицешампион во 2020 година, а една година претходно го освои третото место во Лигата на нации. Во националниот дрес постигна и седум гола.

Англија пред стартот на турнирот ќе одигра контролни натпревари против Нов Зеланд и Костарика по пристигнувањето во САД. Настапот на Светското првенство ќе го отвори на 17 јуни со дуел против Хрватска, а потоа следуваат мечеви против Гана и Панама.

Мегваер: Шокиран сум и изненаден што нема да одам на Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот