Пи Диди / Фото: EPA/EPA-EFE/Peter Foley

Мајк Тајсон лично му го предал на Трамп писмото со кое Диди моли за помилување

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, боксерот Мајк Тајсон, наводно за време на посета на Белата куќа во ноември 2025 година, му предал на претседателот на САД, Доналд Трамп, писмо со барање за помилување на раперот Шон „Диди“ Комбс.

Диди беше осуден по две точки од обвинението за транспорт со цел проституција, пренесуваат американските медиуми.

Како што пренесува „Сан“, Тајсон го добил писмото од еден од блиските луѓе на Комбс, а извори блиски до боксерот тврдат дека истото тој лично му го предал на американскиот претседател за време на посетата на Белата куќа на 21 ноември.

 „Мајк имал состанок со еден од најблиските доверливи луѓе на Диди, кој му го предал писмото. Прашал за што се работи, а му било кажано дека тоа е писмо во кое Диди бара помилување од Трамп“, изјавил извор близок до Тајсон.

Диди – Фото: Принтскрин/Јутјуб

Изворот додава дека Тајсон бил воздржан и нервозен, но сепак се согласил да го пренесе барањето.

 „Рече дека го предал писмото на Трамп и направил точно она што луѓето на Диди побарале од него“, додал изворот.

Ниту претставниците на Шон Комбс, ниту тимот на Тајсон не ги потврдиле или демантирале овие тврдења.

Меѓутоа, Трамп потврдил дека го примил писмото од 56-годишниот музички продуцент и јавно соопшти дека Диди нема можност за помилување.

Според „Њујорк Тајмс“ Трамп не го покажал документот при разговорот со новинарите.

ВИДЕО | Објавен трејлерот за документарецот за Диди: Содржи снимки направени само шест дена пред неговото апсење

Адвокатите на Диди бараат итно ослободување од затвор и укинување на пресудата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот