Магдевски: Во иднина нè очекуваат уште потешки натпревари
Андреј Магдевски одговори на она што пред него го постави селекторот на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, во победата над Азербејџан во Баку во претквалификациите за Евробаскет 2029.
Препорачано
Кога беше најпотребно, ја презема одговорноста, ја водеше играта на нашата селекција, кога стигна и најавата за пресвртот, и во играта и во резултатот.
– Лошо го отворивме натпреварот. Му дозволивме на противникот да постигне многу лесни поени и да разигра, особено нивниот најдобар играч. Сè се смени кога ја променивме нашата одбрана, почнавме да преземаме и успеавме да го „смириме“. Во нападот повеќе ја движевме топката, се боревме за секоја педа на теренот, и сметам дека заслужено победивме на крајот.
Оваа победа ќе ни ја крене самодовербата, не само пред завршните дуели од овие претквалификации, туку и во иднина, кога нè очекуваат уште потешки натпревари – рече искусниот кошаркар по завршувањето на средбата во Баку.
ФОТО: Македонија се врати од минус 18 во Баку и во финишот го скрши отпорот на Азербејџан
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


