Мафијашот Лука Бојовиќ тајно ја напуштил Србија, само најблиските знаат каде е

Бојовиќ на судењето во Шпанија / фото: Профимедија

Некогашниот припадник на „Земунскиот клан“ Лука Бојовиќ (49), кој на 30 ноември минатата година беше депортиран од Шпанија, пред три недели ја напуштил Србија и заминал во непознат правец, пишуваат локалните медиуми.

На почетокот на февруари, Бојовиќ е виден на аеродромот „Никола Тесла“ како поминува низ пасошка контрола, но неговата крајна дестинација засега ја знаат само неговите најблиски членови на семејството и пријателите.

Според добро упатен извор, Бојовиќ бил виден на аеродромот во раните утрински часови, придружуван од маж кој носел хируршка маска на лицето.

Бојовиќ беше осуден на затворска казна во Шпанија откако беше уапсен во 2012 година, но во ноември, пред да ја одлежи казната, тој беше пуштен во невообичаена процедура, а шпанските власти го протераа во Србија.

Паника во српското подземје – се враќа мафијашот Лука Бојовиќ, по 10 години на робија во Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот