Паника во српското подземје – се враќа мафијашот Лука Бојовиќ, по 10 години на робија во Шпанија

Бојовиќ на судењето во Шпанија / фото: Профимедија

Лука Бојовиќ, кој беше во затвор во Шпанија од февруари 2012 година, денеска треба да се врати во Србија, каде ќе биде слободен човек, бидејќи против него не се води ниту една кривична постапка.

Лука, синот на легендарниот директор на белградската Зоолошка градина Вук Бојовиќ, е присутен во криминалното подземје во Србија уште од 90-тите, кога заедно со Милорад Улемек-Легија бил член на паравоената формација „Тигри“ на Жељко Ражнатовиќ-Аркан. Пред да биде уапсен во Шпанија, Бојовиќ важеше за еден од клучните играчи во балканскиот криминален свет. Неговиот брат, Никола Бојовиќ, кој не беше вмешан во криминал, беше убиен во 2014 година, кога напаѓач го изрешета со автоматско оружје на улица во Белград. За убиството подоцна беше осуден извршителот, на затвор во траење од 35 години. Додека Лука Бојовиќ беше во затвор, почина и неговиот татко, а беше убиен и неговиот адвокат. Животите ги изгубија и неколкумина блиски соработници и пријатели на Бојовиќ.

Во Шпанија тој беше осуден на 18 години затвор поради поседување огромни количества пари и оружје. Сепак, шпанските власти го ослободија условно по десет години, протерувјќи го од земјата. Српските медиуми пишуваат дека враќањето на Лука Бојовиќ предизвикува силна вознемиреност во подземјето, поради тоа што никој не знае што да очекува од него, а постои страв дека тој би можел да се одмаздува.

Деталите за неговата депортација во Србија се чуваат во најстрога тајност. Божидар Спасиќ, поранешен припадник на Службата за државна безбедност, за порталот „Еспресо“ откри дел од постапката што ќе ја помине Бојовиќ на патот од Мадрид до Белград.

„За да го земат, во Мадрид отишле инспектор од белградската полиција и инспектор на Интерпол, кој ќе го придружува во авионот сè до белградскиот аеродром. Откако ќе пристигне во Србија, Лука ќе биде одведен во полициската станица на аеродромот и таму ќе имаат информативен разговор со него, најмногу поради тоа што нема документи со себе. Потоа Бојовиќ може да биде одведен во просториите на белградската полиција, каде најверојатно ќе му бидат презентирани одредени информации за фактот дека одредени криминални групи тука ги очекуваат неговите докази во смисла на пресметка или одмазда, за да може да се грижи за сопствената безбедност“, вели Спасиќ.

Против Бојовиќ нема да има апсолутно никакви мерки од државата и полицијата, со оглед на тоа дека против него во Србија нема ниту една кривична постапка, но според Спасиќ, ослободувањето на Бојовиќ предизвикува „тектонски пореметувања“ во регионот.

„Лука Бојовиќ нема право на полициска заштита бидејќи полицијата нема никакви конкретни сознанија дека некој ќе го убие Бојовиќ, но има општи сознанија дека неговото доаѓање во Србија предизвикува тектонски пореметувања и дека тоа е криминална „бомба“ на нашите простори. Низ Белград се ширеа гласини дека ќе го убијат на гробишта, на улица, подземјето шири дезинформации за да создаде паника. Тој може слободно да се движи и мојата претпоставка е дека ќе ја напушти Србија и ќе замине во земјите каде што му се „партнерите“ кои може да биде Грција, Турција или некои околни земји“, вели поранешниот полицаец Спасиќ.

Според неговото мислење Бојовиќ сигурно веќе има планови околу личното обезбедување, со оглед на тоа што важи за член на „Шкаљарскиот клан“.

„Лука Бојовиќ сигурно веќе ги ангажирал своите приврзаници и членови на кланот, не смееме да заборавиме дека на некој начин е член на „Шкаљарскиот клан“, има и свои пријатели. Можно е да ги добие документите и најдобриот совет што се однесува до мене во забрзана постапка е веднаш да излезете од овие простори. Тој сигурно има куќа и стан веќе обезбедени од пријатели и соработници. Многу веројатно ќе биде под надзор на нашата полиција која значи дека ќе го следат каде и да оди и евентуално дури и ќе му кажат да објави дали патува некаде“, вели Спасиќ.

Се шпекулираше дека Бојовиќ од затвор влечел конци меѓу криминалците во Србија, а како што вели Спасиќ, доколку тоа е точно, сосема е извесно дека ќе продолжи со криминалните активности и раководењето со својот клан.

„Ние полицајците велиме дека неговите карактерни типови никогаш не се менуваат и дека никогаш не можат да престанат да се занимаваат со криминал. Уште како мал Бојовиќ избра криминал, насилство, да биде водач на група, каква и да е таа група. За жал, дојде точно за него и секогаш е на врвот на криминалното милје.Се зборуваше дека учествувал во некои криминални активности во Белград, но никогаш не се докажа. командуваше, па сосема е сигурно дека ќе продолжи. Едноставно, тој припаѓа на криминалното милје и многу брзо ќе собере сили околу себе и ќе продолжи да го води кланот. Тоа ќе го видиме многу брзо“, рече Спасиќ.

Засега официјално не е соопштено дали покрај мерката протерување добил забрана за влез на територијата на Шпанија или на Европската Унија. Инаку, семејството, сопругата и децата на Бојовиќ живеат во Шпанија, додека неговата сестра и мајка се во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот