Мадуро: Не сум виновен, јас сум претседател на Венецуела и бев киднапиран од мојот дом
Во своето прво јавно обраќање откако беше екстрадиран во САД, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро пред судот се изјасни како невин и рече дека „бил киднапиран од својот дом во Каракас“, пренесува Ројтерс.
Препорачано
„Не сум виновен, јас сум чесен човек и сè уште сум претседател на мојата земја“, рече тој.
Започнува сослушувањето за Мадуро
Вниманието во судницата потоа се префрли на сопругата на Мадуро, Силија Флорес, која исто така се изјасни за невина.
„Да, јас сум Силија Флорес Мадуро, јас сум првата дама на Венецуела“, изјави таа пред судот.
Нејзиниот настап беше сличен на оној на Мадуро.
Судијата ги информираше Николас Мадуро и Силија Флорес за нивното право да се консултираат со конзуларни претставници.
Следното рочиште е закажано за средината на март
На Мадуро му беше наредено повторно да се појави пред судот на следното рочиште на 17 март.
За време на дискусијата за соодветен датум, адвокатот на одбраната на Мадуро ги истакна „прашањата поврзани со легалноста на военото киднапирање“.
Тој, исто така, изјави дека претседателот на Венецуела има одредени здравствени проблеми и побара формулар што мора да се пополни „за да му се обезбеди соодветна медицинска помош за време на неговиот притвор“.
Адвокатот на одбраната на Силија Флорес, исто така, наведеде дека таа има здравствени проблеми.
„Таа има сериозни модринки на ребрата и ќе ѝ биде потребна соодветна нега“, рече нејзиниот адвокат Марк Донели.
Во федералниот суд Даниел Патрик Мојнихан во Менхетен започна рочиштето против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, кои се товарат за серија обвиненија поврзани со наркотероризам.
Тие се обвинети за: заговор за наркотероризам, заговор за увоз на кокаин, поседување митралези и деструктивни направи, здружување со цел поседување митралези и уништувачки направи.
Судијата Алвин Хелерштајн ги поздрави присутните и ја потенцираше својата улога во процесот: „Мојата работа е да обезбедам фер судење“. Судењето се одржува пред федералниот суд во Менхетен и е првото појавување на Мадуро и Флорес пред американската правосудна власт.
ВИДЕО | Tранспортот на Мадуро од затворот до судот
Два дена по воената операција за негово апсење, венецуелскиот претседател Николас Мадуро е во затворот во Бруклин.
Мадуро и неговата сопруга Селија Флорес се соочуваат со обвиненија за трговија со дрога во Соединетите Американски Држави. По американската воена операција во Каракас што доведе до нивно апсење, тие беа префрлени на брод на американската морнарица и пристигнаа во Метрополитен притворен центар во Бруклин, Њујорк, во саботата навечер.
ВИДЕО | Како САД го извршија апсењето на Мадуро во Венецуела


