Љупчо Николовски негативен на коронавирусот

Љупчо Николовски / Фото: Рики Пејковски - Слободен печат.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски ја информира јавноста дека се тестирал за присуство на коронавирусот и дека тестот е негативен.

За време на сите мои активности, максимално и одговорно ги почитувам мерките за заштита на здравјето, вели Николовски.

-Но, поради природата на мојата работа се тестирав за ковид- 19 и тестот е негативен.
Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас. Да ги почитуваме мерките и да дадеме придонес во борбата против коронавирусот- напиша Николовски.

Неизвесно е дали Спасовски заразил некого од раководството на партијата, бидејќи во неделата СДСМ го одржа својот 25. Конгрес. Иако Конгресот беше онлајн, сепак партиското раководство беше во една просторија каде освен Заев, говореа и генералниот секретар Љупчо Николовски, но и Оливер Спасовски.

Доцна синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека е позитивен на ковид-19. Инаку, во тек е епидемиолошка анкета за контактите кои министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги имал деновиве. 

– Напоменуваме дека сите контакти на министерот Спасовски биле со почитување на мерките за физичко растојание, носење заштитна маска и избегнување на групирања. Во однос на прашањето за контакти во Владата, потсетуваме дека седниците се одржуваат преку видео-конференциска врска, велат од владината прес-служба.

Се спроведува анкета за контактите кои ги имал Спасовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот