ЛУКСУЗОТ на ТИТО го имал и ТРАМП, а во 1998 бил изнајмен и од македонскиот авиотранспорт! (ФОТО)

Боинг 727 е познат патнички тримоторен млазен авион со краток до среден долет, кој бил создаден во втората половина од ХХ век. Во ваков авион најчесто собирало од 149-189 патници, а имал долет од 4.450 до 5.000км, зависно од верзијата. Првиот 727 полетал во 1963 година и во текот на една деценија бил најпроизведуваниот авион во светот. Вкупно биле испорачани 1.831 единици од 1960 до 1984 година, кога го заменил неговиот наследник Боинг 737. Најголемиот недостиг на 727 било високото ниво на бучава – станува збор за еден од најбучните млазни авиони, и потребно е да се инсталираат пригушувачи на моторите како би бил усогласен со денешните еколошки стандарди. Во август 2008, сѐ уште летале вкупно 500 од нив.

Колку што бил популарен Боинг 722 кај авиокомпаниите, толку бил популарен и меѓу приватните соптвеници. Најпознат сопственик на ваков тип на авион е најверојатно Доналд Трамп, но помалку познато е дека и Маршалот, Јосип Броз Тито своевремено користел дури два вакви авиони. Имале регистарски ознаки YU-AKH и YU-AKD а нивната намена била повеќе од „шаренолика“, пишува Expres.hr.

Југославенски Боинг 727 / Фото: Ескпрес.хр / ФБ

Двата авиони се направени во 1975 година, за истата година југославенската влада да ги преземе за користење. Службено биле дел од југославенскиот аеротранспорт, но и двата авиони имале цивилни и воени регистарски броеви. Двата идентични Боинг 727 биле купени од владата, како единицата YU-AKH би полетала 30 минути пред „двојките“ кои превезувале луѓе и опрема, но служеле и како извидница за метеоролошките услови. Во текот на летниот период, од сигурносни причини го менувале распоредот за да не се знае во кое летало се наоѓал Тито. Барем така тврди еден од пилотите на единиците, Озрен Вукајловиќ во разговор за српски Блиц.

Југославенски Боинг 727 / Фото: Експрес.хр / ФБ

Меѓу последните летови на Тито било заминувањето во Хавана на крајот од 1979 година, на самитот на Движењето на неврзаните. Според пишувањата на престижниот американски магазин Time, Маршалот водел голема битка со Фидел Кастро за „душата“ на самото движење.

Фото: Експрес.хр / ФБ

„Кога Јосип Броз Тито, големиот заговорник за глобална неутралност, се спушти од Боинг 727 на хаванскиот аеродром Jose Marti, круто го погледна неговиот домаќин, кубанскиот претседател Фидел Кастро, неуморниот поборник на импорт-експорт револуијата. Тоа воопшто не беше пријателска прегратка, како оние кои лидерите претходно ги разменуваа. Сега се подготвуваат за жестока дебата за насоките и водството на движењето“, пишувал тогаш Time за оваа средба.

Јосип Броз Тито и Фидел Кастро / Фото: Музеј Југославија

Вукајловиќ изјавил дека за време на средбата времето било совршено, но кога се враќале, почнало да врне.

„Јас на писта, а контролата за летање вели дека нема услови за да полетаме. Оној пред авионот одбива да ги тргне стабилизаторите… Излегов од авионот, сам ги тргнав, се вратив во кабината идадов гас! Тркалата ми беа во вода, но полетувам… После половина час ми се јави генерал Жутиќ, пилотот во „двојката“ на Тито, и они полетаа така… А после нас никој друг! Сите останати делегации останаа уште седум дена на Куба“, раскажува Озрен Вукајловиќ.

Генерал Жутиќ / Фото: Експрес.хр / ФБ

Деновиве на интернет испливаа фотографии од ентериерот на двата Боинг 727 во сопственост на Тито, а она што е најинтересно е тоа што постојат контрадикторни информации за внатрешноста на авионите. Некои велат дека станува збор за ентериерен дизајн кој бил спроведен додека авионите ги користел Тито, додека други велат дека фотографиите и дизајнот се направени по смртта на Маршалот.

Внатрешноста на еден од југославенските авиони Боинг 727 / Фото: Експрес.хр / ФБ

По смртта на Тито, овие два авиони останале во сопственост на Авиогенекс (српска и југославенска чартер-авиокомпанија), за во втората половина од 80тите бидат користени од данската компанија Sterling Airways.

Внатрешноста на еден од југославенските авиони Боинг 727 / Фото: Експрес.хр / ФБ

YU-AKD бил изнајмен во 1998 година од македонската авиокомпанија МАТ, а потоа го користелa авиокомпанијата Chanchangi Airplanes од Нигерија.

YU-AKH во 2004 година требало да лета за индонезијската компанија Efata Papua на рута од главниот град Јакарта до Папуа, но таму не се задржал долго и месец дена подоцна бил вратен на Aviogenex.

Според достапните податоци, и двата авиона во 2006 година биле продадени на американската компанија Pennant Aviation.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот